Голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел, е неизвесен за реваншот против Челси во осминафиналето на Лигата на шампионите поради повреда на бутниот мускул.
Според германскитре медиуми, има многу мала надеж дека тој ќе може да игра против англискиот тим по првите медицински тестови.
Борусија Дортмунд го доби првиот натпревар со 1-0 како домаќин.
Кобел го пропушти триумфот од 2-1 против Лајпциг откако се пожали на болки за време на загревањето. Минатата година поради слична повреда паузираше неколку недели и затоа клубот реши да не ризикува.
Александер Мајер, кој беше на голот против Лајпциг, најверојатно ќе стартува на натпреварот против Челси во Лондон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski