Работнички гостува во Велес и ќе ги одмери силите со Борец. Ова е воведен натпревар од седмото коло од Првата фудбалска лига, закажан за денеска во 15 часот, останатите мечеви се на програмата утре.
Велешани доживеаја елиминација од Купот, но затоа имаат одличен ритам во првенството. Споија две победи, против Академија Пандев дома и против Силекс на гости и во моментот се наоѓаат на третата позиција на табелата со 11 бода.
Работнички нема пораз на последните пет меча во првенството и сака таа серија да продолжи и денеска во Велес. Избраниците на Ратко Достаниќ се максимално мотивирани да остварат позитивен резултат. Но, и тимот Горазд Михајлов ќе се сака да одговори позитивно по елиминацијата од најмасовното фудбалско натпреварување.
Натпреварот меѓу Борец и Работнички е закажан за 15 часот и ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица. Останатите натпревари од седмото коло се на програмата утре.
ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО
БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ (15 ч., ДЕНЕСКА)
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (УТРЕ)
ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













