
Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи, би можел да го напушти торинскиот клуб веќе во зимскиот преоден рок, пренесува „Кориере дело спорт“. По вчерашното градско дерби против Торино, во кое Душан Влаховиќ уште еднаш го спаси Масимилијано Алегри, има најави дека Бонучи ќе го напушти Јувентус.
Капитенот на „старата дама“ го започна дербито од клупата, неговите настапи често се под нивото, а се шпекулира и дека е во лоши односи со тренерот Алегри. Сето ова може да предизвика негово заминување од Јувентус и преселба кај поранешниот тренер Антонио Конте во Тотенхем.
Разделбата на Бонучи со Јувентус би можела да се случи веќе во зимскиот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
