Connect with us

Бонучи повторно во аут поради повреда

Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи, има повреда на бутниот мускул на левата нога, потврдија од италијанскиот гигант. Искусниот дефанзивец повредата ја заработи на полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа на домашен терен против Севилја, кој заврши 1-1.


36-годишниот репрезентативец на Италија беше принудно заменет во 61. минута од натпреварот во Торино, а потоа беше подложен на опсежни лекарски прегледи. Сѐ уште не е познато колку долго ќе трае опоравувањето на Леонардо Бонучи.

Дефанзивецот оваа сезона се мачеше со повреди, поради што настапи само на 14 натпревари за „бјанконерите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови