Connect with us

„Бомба“ од Струмица: Бојан Спиркоски потпиша за Беласица

Второлигашот Беласица продолжува со засилувањата и го претстави новиот член на својот напаѓачки ред – искусниот Бојан Спиркоски.

Овој 30-годишен напаѓач доаѓа во струмичкиот тим од Пелистер, каде што настапуваше во последните две сезони, а од него се очекува да донесе дополнителен квалитет и сигурност во офанзивната линија на тимот.

Во текот на кариерата, Спиркоски има интернационално искуство од настапите во Чешка за клубовите Сокол и Јихлава, а на домашната сцена играше за Брегалница, Победа, 11 Октомври и Хоризонт Турново.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови