Српскиот напаѓач Александар Митровиќ би можел да се врати во Премиер – лигата ова лето, откако Манчестер Јунајтед сериозно го разгледува неговиот ангажман. Според информациите на „Talksport“, англискиот гигант е подготвен да понуди околу 40 милиони фунти за напаѓачот на Ал-Хилал.
Митровиќ има важечки договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2026 година, но самиот фудбалер наводно е подготвен да прифати и пониска плата за да се врати на Островот. Тој веќе има значително искуство во англискиот фудбал, каде што настапуваше за Њукасл и Фулам.
Од неговото доаѓање во Ал-Хилал во август 2023 година, Митровиќ одигра 77 натпревари и постигна дури 68 погодоци, вклучувајќи и 19 гола на 23 натпревари оваа сезона во саудиската Про лига.
Манчестер Јунајтед е во потрага по нов напаѓач по неубедливата сезона и проблемите со ефикасноста во нападот. Расмус Хојлунд сè уште не ја достигна очекуваната форма, а се очекува новиот менаџер Рубен Аморим да внесе свежина во тимот со неколку засилувања. Митровиќ се гледа како искусно решение кое би можело веднаш да донесе голови и резултати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













