Connect with us

Боговите се смилуваа: БАРДИ е НЕГАТИВЕН и се приклучува на тимот

Енис Барди е конечно – НЕГАТИВЕН на Ковид-19. Најновиот тест денеска потврди дека Енис Барди има негативен наод на коронаворусот и може да се приклучи на соиграчите.

Конечно, на осум дена пред историскиот прв натпревар против Австрија, Енис Барди се приклучува на тренинзите со тимот и ќе има сепак доволно време да се адаптира за настап на Европското првенство. Ова е најубавата вест што може да се слушне денеска, по вчерашниот убедлив триумф на Македонија во последниот тест меч пред ЕП, против Казахстан (4-0).

Барди денеска за првпат на ручек со соиграчите откако целиот собир до денеска го мина изолиран во хотелската соба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови