Connect with us

Бобан Грнчаров ја презема Македонија ЃП

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП се раздели со досегашниот тренер Тони Џангаровски, а на негово место во Ѓорче Петров доаѓа поранешниот стратег на Вардар. Бобан Грнчаров ќе седне на клупата на “лавовите”.

Тој ќе се обиде да го извлече тимот од опасната зона на табелата.

Македонија ЃП загуби дома од Воска Спорт со 1-2 во пресметката која беше многу важна за опстанок во елитата.

Бобан Грнчаров треба да дебитира веќе во претстојното коло на клупата на Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови