Connect with us

БЛЕСОК НА ГОДИНАТА: Херојско реми на Македонија против моќната Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија со херојско реми (1-1) против моќната селекција на Англија на арената „Тодор Проески“ го заокружи циклусот од квалификациите за ЕВРО 2024.
Првпат во историјата Македонија остана непоразена во Скопје против Англија, а ова е доказ дека оние 7-0 од „Олд Трафорд“, сепак, не се вистински одраз на силите.

Капитенот Енис Барди беше стрелец на водечкиот гол за Македонија во 41.минута. Беше досуден пенал за нашиот национален тим, со одлука од ВАР – собата откако Рико Луис со рака го удри Бојан Миовски во шеснаесетникот.

Пикфорд го одбрани првиот удар на Барди, но нашата „десетка“ одбиената топка знаеше да ја смести во мрежата.

Во вториот дел Англија успеа да израмни. Во 59.минута, веднаш по влегувањето во игра на Хари Кејн, топката по корнерот на Фил Фоден удри во Јани Атанасов и заврши зад грбот на Столе Димитриевски.

Македонија до крајот храбро се бореше, успеа да ги затвори приодите кон голот и се избори за големо реми.


(20.11.2023)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови