
Бетис за првпат ќе игра европско финале и се надева на историски трофеј. Тимот на Мануел Пелегрини имаше силна пролетна полусезона, во која блескаше Ентони, доведен од Манчестер Јунајтед. Иако завршија шести во Ла Лига, тимот влегува во финалето со серија слаби резултати – немаат победа на последните 5 натпревари.
На другата страна, Челси ја започна Конференциската лига како фаворит и тоа го оправда со игрите и резултатите. „Сините“ доминираа со шест победи во групната фаза, а потоа ги елиминираа Копенхаген, Легија и Ѓургарден. Тимот на Енцо Мареска постави рекорд со 38 постигнати голови во турнирот.
🏆 The prize is here! Who are you backing? 👀#UECLfinal | #UECLfestival pic.twitter.com/RrXaJAu20p
— UEFA Conference League (@Conf_League) May 27, 2025
Интересен детаљ е што Мареска беше играч и асистент на Пелегрини во Малага и Вест Хем, што додава дополнителна драма на нивната пресметка.
Ако Челси победи, ќе стане првиот клуб во историјата што го освоил секој од петте главни трофеи на УЕФА.
Кај Бетис, под знак прашалник се Џони Кардосо, Џовани Ло Селсо, Фран Виејтес и Јусуф Сабали. Можно е на голот да стартува Адриан, поранешниот херој на Ливерпул.
За Челси главна грижа е формата на Кол Палмер, кој има само еден постигнат гол од јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи и Конте ќе продолжат заедно

Интернационалци
Јован Манев со Ријека стигна до двојна круна во Хрватска

Евро-фудбал
Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Кристал Палас

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово
