Connect with us

Бензема двоен стрелец против Валјадолид, Реал пак е на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари тешка победа (0-2) на гости против Валјадолид на враќањето на Ла Лига по паузата за СП. Карим Бензема со два гола во финишот донесе триумф, а претходно Тибо Куртоа имаше одлични интервенции и ги спаси „кралевите“. Сега составот на Карло Анчелоти повторно е на врвот, со еден бод предност во однос на Барселона.

Во 83.минута беше досуден пенал што го реализираше Бензема, а Серхио Леон доби црвен картон во домашниот тим.

Во 89.минута, по акцијата на Камавинга, Карим Бензема го постигна својот втор гол и го реши мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови