Работнички во првото пролетно коло го сопре шампионот играјќи 0-0 против Струга ТЛ на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Сега тимот на Гоце Седлоски го очекува гостување во Кавадарци и дуел со Тиквеш, а капитенот Егзон Белица истакна дека „романтичарите“ се подготвени за предизвикот.
„Нѐ очекува тешко гостување во Кавадарци и дуел против Тиквеш в недела. Но, подготвени сме за предизвикот и се надеваме дека ќе успееме да ги исполниме задачите што ќе ни ги постави шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Секој нов натпревар е ново искушение за нас. Трениравме квалитетно изминативе денови и веруваме дека тоа ќе го даде вистинскиот ефект на претстојниот меч“, изјави Белица во пресрет на неделниот дуел.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski