Connect with us

Беласица се жалеше на физички напад, а Локомотива Пехчево доби службени бодови

Комисијата за натпревари на ФФМ го регистрираше неодиграниот меч меѓу Локомотива Пехчево и Беласица со 3-0 службен резултат, во корист на домаќинот. Гостите се жалеа дека биле физички нападнати при доаѓањето на стадионот, а имало закани дека ќе биде употребено и огнено оружје.

Нивниот тренер Благој Гуцев заврши во болница, а потоа об објави и став околу целиот настан на социјалните мрежи.


„Натпреварот не се одигра, зашто гостинската екипа не се појави на теренот во закажаниот термин од 14.00 часот, откако претходно пријави инцидент пред почнувањето на мечот (физички напад на двајца тренери). Судиите навремено дадоа знак за почеток на мечот, за кој од страна на домаќинот беа исполнети сите услови“, се вели во соопштението.

Натпреварувачката комисија за инцидентот го суспендира теренот во Синѓелиќ, а го предаде домашниот клуб на Дисциплинска комисија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови