Македонскиот првак Шкендија загуби (0-1) од Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Тоа е прв пораз за Шкендија во Европа, но има и уште 90 минути на реваншот во Баку.
Тренерот Јетон Беќири верува дека Шкендија може да возврати на реваншот во Баку.
“Да бидам искрен, пеналот дојде по една наша наивна грешка. Карабах имаше добри шанси, но пеналот беше наша очигледна грешка. Во првото полувреме не бевме на потребното ниво, но затоа во вториот дел се подобривме и создадовме неколку шанси, кои за жал не ги реализиравме. Сепак, ако одиграме перфектен натпревар во Баку, Шкендија се уште има шанси за позитивен епилог во двомечот”, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













