
Шкендија ќе се обиде да испише нова страница во својата европска историја утревечер во Баку, кога ќе се соочи со шампионот на Азербејџан, Карабах, во реванш-натпреварот од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. По минималниот пораз од 0-1 на првиот дуел, македонскиот првак има голем предизвик пред себе, да ја надомести негативата и да се обиде обезбеди место во следната фаза од ЛШ.
На прес-конференцијата, тренерот Јетон Беќири изјави дека неговиот тим нема што да загуби во Баку.
„Мора да ги искористиме шансите што ќе ги создадеме. Ако постигнеме гол, сè е можно. Го респектираме Карабах, тие се силен тим кој е редовен учесник во европските натпреварувања години наназад“, изјави Беќири.
Фудбалерот за врска Камер Ќака, пак, ја истакна тежината на натпреварот, но и решеноста на тимот на Шкендија да се врати во игра по поразот на домашен терен.
„Играме против многу силен противник, но ќе дадеме сè од себе за да оствариме позитивен резултат. Карабах има предност, но ние се предаваме“, истакна Ќака.
Дуелот ќе се одигра на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку, со почеток од 18 часот. Атмосферата се очекува да биде жешка на трибините, а Шкендија влегува во овој натпревар со цел да ги изненади фаворитите во оваа пресметка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид го промовираше Џакомо Распадори

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Алтин Алији
