Connect with us

Бастони го пропушта дербито на Интер против Јувентус

Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, ќе го пропушти неделното дерби со Јувентус. Тој има повреда на мускулот и нема да му биде на располагање и на селекторот Роберто Манчини за натпреварите на италијанската репрезентација.


Дефанзивецот беше заменет во вториот дел од натпреварот против Порто во Лигата на шампионите. Тестовите кои му беа направени покажаа истегнување на мускулот на левата натколеница. Сѐ уште не е јасно колку долго ќе отсуствува Бастони.

23-годишниот фудбалер на Интер од почетокот на сезоната настапи на 30 натпревари. За натпреварот против Јувентус се очекува негово место да го заземе Милан Шкриниар кој се опорави од повредата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови