Connect with us

Башкими воопшто не се шегува, го доведе и Марко Симоновски

Башкими ова лето е многу активен на трансфер пазарот. По почетниот фокус на играчи од Босна и Херцеговина, како и од африканскиот континент, клубот во изминатите два дена привлече внимание со два навистина значајни трансфери.

Прво го доведоа Огузан Ајдоган, кој минатата сезона настапуваше за Гостивар и беше еден од највпечатливите фудбалери во Првата македонска лига. Сега Башкими објави дека го ангажира и искусниот напаѓач Марко Симоновски, кој исто така минатата сезона играше за Гостивар.

Симоновски во својата кариера настапуваше за неколку македонски екипи, меѓу кои Вардар, Металург и Напредок, а има искуство и како интернационалец со ангажмани во клубови од Косово, Хрватска, Русија, Казахстан, Финска и Романија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови