
Башкими стигна до првата победа по враќањето во Првата лига откако го изненади Работнички на Националната Арена славејќи со 0-2. Лука Робакидзе во 36.минута си постигна автогол, откако топката се врати во поле од дирекот по шутот со глава на Марко Симоновски. Во вториот дел, Ресуљ Мемети погоди во 78.минута за 0-2.
Во 13.минута прва голема шанса за Работнички. Далеј од левата страна подготви можност за Калани Алмеида, тој шутираше од работ на шеснаесетникот, а Личина спаси сигурен гол, блокирајќи ја топката на патот кон мрежата.

Во следната акција Калани постигна гол со удар од 16 метри, но по интервенција на ВАР собата не беше признат поради игра со рака на Лука Робакидзе.
Во 32.минута, се закани Башкими со удар од далечина. Шутираше Иса Адекунле, но крај голот на Васко Василев.
Тоа беше најава за водството на гостите. По една мешаница во шеснаесетникот, топката од дирекот се одби до Робакидзе, а тој несреќно си постигна автогол во 36.минута.
Во 42.минута повторно во шанса беше Калани Алмеида, но голманот Амир Јашар успеа да одбрани и исфрли во корнер.
Кристоџеј Далеј во 55.минута шутираше од 18 метри, но Јашар исфрли во корнер.
Работнички продолжи да напаѓа. Во 64.минута, Теодор Николовски шутираше од 18 метри, но Амир Јашар повторно одбрани.
Возврати Марко Симоновски со удар со глава една минута подоцна, беше за малку непрецизен.
И потоа втор гол за Башкими во 78. минута. Ресуљ Мемети успеа да ја затресе мрежата на Васко Василев.
Шкендија како брз воз помина низ Ѓорче Петров и победи со 1-3. Фитон Мемеди го отвори резултатот во осмата минута со прецизен удар откосо од левата страна, а потоа Македонија ЃП остана и со фудбалер помалку.

Во 54.минута, Красниќи од пенал зголеми на 0-2, а третиот гол беше дело на Фабрис Тамба во 68.минута од дуелот.
Македонија ЃП во финишот постигна почесен погодок преку Дарко Глишиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
