Барселона со многу мака успеа да стигне до победа од 1-0 против Осасуна на „Камп Ноу“ и ја зголеми предноста во однос на Реал Мадрид на 14 бода. Жорди Алба беше стрелец на победничкиот погодок за каталонскиот тим во 85.минута, а гостите од 22.минута играа со фудбалер помалку поради исклучување на Хорхе Херандо.
Тимот на Чави долго се мачеше да го пробие бедемот на Осасуна, но на крајот сепак успеа да стигне до минимален триумф. Сепак, ќе остане горчина поради повредата на Гави, кој мораше да биде заменет во 36.минута.
Алмерија го победи Елче со 2-1.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement