Тренерот Чави Хернандез ќе го добие Жоао Кансело во Барселона, откако клубот и играчот веќе ги договориле личните услови. Сепак, Манчестер Сити, кој ги има правата на него, нема намера да го прифати барањето на Каталонците за позајмица, туку инсистира на директна продажба, открива каталонски „Спорт“ .
Португалскиот бек имаше одличен старт на претходната сезона на „Итихад“, но по Светското првенство во Катар доживеа драстичен пад во формата. Поради оваа причина тој во зима беше даден на позајмица во Баерн Минхен, но неговите слаби игри продолжија, поради што германскиот клуб одби да ја искористи опцијата да го купи за 70 милиони евра.
Барселона уште во јануари го посакуваше Кансело, но финансиските проблеми го спречија овој трансфер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski