Connect with us

Барселона прифаќа 80 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Френки де Јонг

Барселона ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за Френки де Јонг. Преговорите меѓу двата клуба завршија успешно, а „црвените ѓаволи“ се сложни да платат 80 милиони евра за правата на Холанѓанецот, објави каталонскиот „Спорт“. Сега, сепак, Англичаните се желни да добијат конечен одговор и од самиот фудбалер, кој мора брзо да одлучи дали ќе се пресели на „Олд Трафорд“.


Јунајтед прави се за да го убеди 25-годишниот играч од средниот ред да ја прифати нивната понуда.

Новиот менаџер Ерик тен Хаг посакува да се постигне договор. Тој се надева дека Де Јонг ќе биде лидер на новиот проект. Холандскиот стручњак одлично ги познава квалитетите на својот играч од заедничката работа во Ајакс и знае како да го извлече најдоброто од него.

Де Јонг засега сепак не дава категоричен одговор и тоа почнува да ги нервира сопствениците на „Олд Трафорд“. Бараат од фудбалерот побрзо да донесе одлука, со надеж дека тоа ќе се случи следната недела.

Холанѓанецот неодамна навести дека сака да остане во Барселона, но последните информации тврдат дека тој се повеќе размислува да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови