Connect with us

Барселона на лето тргнува по Рабио

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, би можел да и се приклучи на Барселона како слободен играч на крајот од сезоната, објави „Calciomercato“. Според изворот, Чави сака да го засили средниот ред со нови играчи, а Рабио е едно од имињата кои се на неговиот список.


27-годишниот Рабио беше на прагот на преселба во Манчестер Јунајтед летото, но договорот пропадна поради високите финансиски барања на играчот. Јувентус не планира да го обнови договорот со него, кој истекува во 2023 година, поради неговата висока плата.

Барселона би го добила без отштета, па затоа и размислува за оваа опција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови