Connect with us

Барселона и Манчестер Јунајтед се договорија, ама Френки де Јонг не сака трансфер на „Олд Трафорд“

Трансферот на Френки де Јонг од Барселона во Манчестер Јунајтед можеби нема да биде реализиран и покрај тоа што двата клуба практично се договорени. Агентите на Холанѓанецот, Али Дурсун и Хасан Цетинкаја, ги известиле двата клуба дека нема промена на позицијата на играчот од средниот ред и дека тој нема намера да го напушти „Камп Ноу“, ниту пак ќе прифати намалување на платата.


Барселона и Манчестер Јунајтед си подале рака за договор вреден 65 милиони евра, плус уште 20 милиони евра бонуси. Сепак, за да се оствари овој трансфер, мора да се согласи играчот. Засега тој не сака да слушне за преселба, ниту пак прифаќа намалување на платата во Барселона.

Од продажбата на Френки де Јонг зависи и ангажманот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови