Connect with us

Барселона го осигура своето златно момче: Ламин Јамал ќе потпише нов договор до 2031 година

Барселона и Ламин Јамал постигнаа договор за продолжување на соработката, и тоа до 2031 година – неверојатен чекор со кој клубот ја покажува целосната верба во својот 17-годишен дијамант. Тинејџерот, кој експлодираше на големата сцена со неверојатна брзина, е веќе сметан за клучен дел од иднината на каталонскиот гигант.

Познатиот агент Жорге Мендеш беше во Барселона во понеделникот за да ги финализира деталите со претседателот Жоан Лапорта. Иако имало повеќе точки на агендата, договорот со Ламин бил апсолутен приоритет.

Според „Мундо Депортиво“, остануваат само уште неколку ситни детали пред сè да стане официјално, а договорот е веќе „запечатен“ и ќе биде потпишан денес, на 27 мај.
Јамал ќе стави потпис на шестгодишен договор што стапува во сила во јули – кога ќе наполни 18 години – бидејќи младите фудбалери по правило не можат да потпишуваат договори подолги од три години.

Според каталонскиот „Спорт“, договорот содржи бонуси кои би можеле да го направат Јамал најплатениот играч во тимот – доколку ги исполни поставените цели.

Спортскиот директор Деко ги отфрли гласините дека младиот напаѓач барал највисока плата, но призна дека Пари Сен Жермен минатото лето бил заинтересиран за него. Токму поради вакви потенцијални закани, Барса сакаше преговорите да завршат што е можно побрзо.

Дополнително, се очекува Јамал да го добие славниот дрес со број „10“, кој ќе се ослободи по заминувањето на Ансу Фати во Монако – симболичен гест кој јасно ја покажува улогата што клубот ја предвидува за него.

Барселона не само што го задржа својот најголем млад талент, туку и испрати силна порака: иднината пристигна, и се вика Ламин Јамал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови