Connect with us

Барселона го бара Жоао Феликс на позајмица

Каталонскиот гигант Барселона иако е во лоша финансиска ситуација, сепак, сака да се засили во последните денови од летниот преоден рок. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ изненадувачки испрати барање до ривалот Атлетико Мадрид за позајмица на португалскиот интернационалец Жоао Феликс.

Тој не се снајде најдобро во Атлетико Мадрид, го мачеа и повреди, а Роналд Куман верува дека би бил одлично засилување сега откако замина Лионел Меси.

По заминувањето на Емерсон во Тотенхем и на Илаиш Мориба во Лајпциг, се отвори дел од буџетот за плати во редовите на Барселона, а Хоан Лапорта преку Жорге Мендеш ќе се обиде да го доведе Жоао Феликс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови