Connect with us

Барселона без Меси, Реал без Рамос…Што ли остана од Ла Лига?

Овој викенд започнува веројатно најнеинтересната, но и наједнаквата трка за шампион на Шпанија. Ништо повеќе нема да биде исто во Ла Лига, бидејќи капитените на Реал Мадрид и на Барселона си заминаа ова лето, Серхио Рамос и Лионел Меси завршија во Пари Сен Жермен на неверојатен начин, како слободни играчи.
Ниту Реал, ниту Барселона немаат соодветни замени, и на крајот на краиштата, како може најдобрите играчи во историјата да бидат сменети на нивните позиции толку лесно?


Атлетико Мадрид лесно би можел повторно да го искористи сето тоа. Диего Симеоне знае како да го освои трофејот, оваа година ја понесе титулата и го доби Родриго Де Пол, кој беше негова најголема желба, па се очекува Саул Нигез да биде продаден. Атлетико го донесе и Маркос Пол како слободен играч од Флуминенсе, но тешко дека 20-годишниот Бразилец ќе може веднаш да стане првотимец.

Прашањето е – кој има полош преоден рок, Реал или Барса? Реал си дозволи да остане без Варан и без Рамос, и нема ниту најмала индикација дека Анчелоти би можел да добие замени. Или можеби во Мадрид навистина веруваат дека Давид Алаба е вистинска замена за позицијата стопер, заедно со Милито, Начо и Хесус Валјехо.

Реал го врати Дани Себаjлос, но тој веднаш се повреди и мора да паузира два месеци. Се врати и Одегард, но тој е незадоволен и сака да си замине, додека позајмицата на Бејл во Тотенхем истече. Сето ова не изгледа доволно убедливо, бидејќи повторно, Крос, Кашемиро и Модриќ немаат ротација, таму е само Валверде. Бензема е и единствениот вистински напаѓач, Лука Јовиќ најверојатно ќе мора да си замине.

Најлошото нешто за навивачите на Барселона е што ништо од ова не ги зголемува шансите да се радуваат на титулата. Напротив. Барселона го минува најтешкиот период во поновата историја. Капитенот Лионел Меси мораше да си замине бидејќи не можеа да го регистрираат ниту со 50% помал приход. Дополнителен проблем е што Барса се уште не може да регистрира засилување, поточно Ерик Гарсија, Емерсон, Мемфис Депај и Серхио Агуеро. Барса има рок до 31 август да ги намали трошоците за плаќање на 70%, во спротивно ќе има големи проблеми. За ова, треба да ги продаде Пјаниќ, Умтити, Брајтвајт, но можеби и уште некој друг.

Севилја е следниот фаворит, а можеби и пред Реал и Барса. Андалузијците не се премногу активни ова лето, до почетокот на сезоната, но останаа без Брајан Хил и добија 25 милиони евра и Ерик Ламела. Пристигна Марко Дмитровиќ на голот, како слободен по истекот на договорот со Еибар. Ако Кунде си замине, тогаш Мончи ќе мора повторно да „измисли“ стопер, за среќа, тој е најдобар во тоа. Место во топ 4 е императив за Севилја во вакви околности.

Победникот во Лига Европа, Вилјареал, има силен тим, што го засили доаѓањето на стоперот Манди од Бетис. Унаи Емери го спаси целиот тим, Жерард Морено потпиша договор до 2026 година. Проблем за „жолтата подморница“ може да биде борбата на три фронта, односно учеството во Лигата на шампионите. Сепак, Вилјареал би морал да заврши меѓу најдобрите пет тима.

Во однос на квалитетот, и пласманот од минатата сезона, тука се Бетис и Реал Сосиедад, кои исто така не го сменија тимот многу до почетокот на сезоната. Дојдоа само голманот Метју Рајан и левиот бек Мигел Рико од Премиер – лигата, но најверојатно ќе бидат играчи за ротација. Бетис остана без Менди и Емерсон кои заминаа во Барселона. Бетис донесе само тројца играчи без надомест, Хуан Миранда од Барса, Јусуф Сабали од Бордо и резервниот голман Руи Силва од Гранада.

Атлетик Билбао е тим кој ќе се бори за место во топ 10, но и ова лето е неактивен. Познато е дека Баскијците ретко го менуваат списокот, предусловот е познат – тој мора да е родум од Баскија, инаку не може да игра. Многу повеќе може да се очекува од Гранада, што создаде интересен тим. Пристигна Карлос Бака од Севилја, како и поранешниот капитен на Барселона Б, Монџу, кои дојдоа без надомест. Тимот од клупата го предводи поранешниот помошник на Луис Енрике, кој исто така беше привремено селектор – Роберто Морено.

Главен кандидат за титулата е Атлетико Мадрид, бидејќи Барса и Реал очекуваат пеколна година со вакви тимови и со финансиски проблеми. Севилја би морала да го искористи тоа и да се вклучи во борбата за врвот, додека Вилјarареал ќе мора да игра на три фронта, но според квалитетот, не смее да биде надвор од првите пет екипи. Сосиедад, Бетис, Билбао и Гранада се тимови кои претежно ќе се борат за Лига Европа.

Македонија ќе има тројца претставници во Ла Лига, барем во овој момент. Енис Барди е дел од Леванте, а Столе Димитриевски со Рајо Валјекано и Александар Трајковски со Мајорка се повратници во елитата на Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови