Connect with us

Барселона без Френки Де Јонг до крајот на сезоната

Фубалерот од средниот ред на Барселона, Френки Де Јонг, нема да игра за тимот до крајот на сезоната, соопшти каталонското издание „Спорт“.

26-годишниот холандски фудбалер заработи повреда на скочниот зглоб по дуелот со Федерико Валверде за време на Ел Класико. Тој беше принудно заменет со Педри во финишот на првиот дел од дербито и беше испратен со овации од публиката на „Бернабеу“.

По медицинските тестови денеска е јасно дека Де Јонг има истегнување од втор степен на десниот скочен зглоб и ќе биде надвор од терените околу пет недели, што автоматски значи дека нема да игра повеќе оваа сезона.


Де Јонг ќе ги пропушти натпреварите против Валенсија, Џирона, Реал Сосиедад, Алмерија и Рајо Валјекано, како и најверојатниот финален натпревар на Каталонците против Севилја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови