Барселона ја заокружи сезоната во Ла Лига со стил – шампионски! Каталонскиот тим вечерва славеше убедливо со 0-3 на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао, заокружувајќи го шампионатот со 88 бодови, четири повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид.
Претставата на Барса беше во знакот на Роберт Левандовски, кој уште еднаш потсети дека и понатаму е машина за голови. Полјакот го отвори резултатот во 14. минута, а само три минути подоцна, повторно ја стресе мрежата на Унаи Симон за брзо водство од 0-2.
Во продолжението Барселона мудро го контролираше темпото, а во судиското надополнување, по досуден пенал, Дани Олмо стави печат за конечни 0-3.
Но покрај головите и славјето на Барса, вечерта мина и во знакот на Оскар Де Маркос. Ветеранот на Атлетик Билбао го одигра својот последен натпревар во кариерата. Публиката на „Сан Мамеш“ му приреди стоечки овации кога беше заменет во 89. минута – аплауз за човекот кој цели 15 години беше симбол на клубот. Де Маркос дебитираше во сезоната 2009/10 и никогаш не го смени дресот на Баските.
Барса ја слави заслужената титула, додека Атлетик Билбао и покрај поразот обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













