Connect with us

Барса победи, постигна и контроверзен гол, а Мајорка доби два црвени картони (ВИДЕО)

Барселона со сигурни три бода ја отвори новата сезона во Ла Лига. На гости кај Мајорка, тимот на Ханси Флик славеше со убедливи 0-3 и најави високи амбиции.

Каталонците ја решија задачата уште во првото полувреме. Рафиња во 7. минута го отвори резултатот, а Феран Торес во 22. зголеми на 0-2. Сепак, мечот го одбележаа два црвени картони за домаќините. Ману Морланес по два жолти доби исклучување, а потоа и Ведат Муриќи со груб старт врз Жоан Гарсија заслужено доби директен црвен картон по ВАР проверка.

Полемики имаше и околу вториот гол на Барса – играч на Мајорка доби удар во глава, но судијата не ја прекина играта, па Торес ја заврши акцијата со гол.

Во продолжението, Барса рутински ја контролираше играта со двајца играчи повеќе. Третиот погодок падна дури во надополнувањето, кога Јамал со свој препознатлив потег го постави конечниот резултат, 0-3 за шампионот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови