Connect with us

Барса и Лидс се договорија, Рафиња доаѓа на „Камп Ноу“

Бразилецот Рафиња ќе биде најновото засилување на Барселона откако каталонскиот клуб постигна договор со Лидс Јунајтед за ангажман на одличниот крилен играч. Тој сакаше да игра на „Камп Ноу“ иако за него понуда имаше и Челси.


Барселона ќе плати 58 милиони евра, плус 7 милиони во вид на бонуси, а Рафиња ќе потпише петгодишен договор.

Во наредните два дена тој треба да допатува и да ги мине лекарските прегледи, а потоа и да го официјализира договорот со Барселона.

На „Камп Ноу“ ќе остане и Осман Дембеле кој ќе стави потпис на нов договор до 2024 година. Со овие двајца одлични офанзивци, тренерот Чави Хернандез ќе има на располагање навистина силен состав. Се чека мозаикот да го комплетира Роберт Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови