Барселона не застанува и продолжува да „игра“ агресивно на трансфер маркетот. Само еден ден откако потпиша со Рафиња и го објави продолжувањето на соработката со Осман Дембеле, има нова причина за радост за навивачите на катаконскиот клуб.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, стоперот на Севилја, Жул Кунде ги договорил личните услови со Барселона. Сега останува потешкиот дел, Барселона да се договори со Севилја, имајќи предвид дека 23-годишниот парижанец има уште две години договор со Андалузијците, па ќе треба да се одвојат најмалку 60 милиони евра за Кунде да дојде на „Камп Ноу“.
Покрај ова, во Барселона се очекува и доаѓањето на Роберт Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













