
МАКФУДБАЛ во Малта,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Ла Валета го игра петтиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. По ремито со Италија дома (1-1), селекторот Благоја Милевски и фудбалерите бараат втор триумф над Малта во овој циклус.
Капитенот Енис Барди постигна прекрасен погодок против Италија, го „затресе“ Џиџи Донарума од слободен удар, но тоа е веќе во заборав, затоа што сега следи ново искушение.
„Среќен сум заради голот, но уште повеќе затоа што Македонија оствари позитивен резултат против Италија. Но, тоа веќе го ставаме во архива, ни следи многу важен меч против Малта. И веруваме дека можеме да стигнеме до триумф, доколку одиграме како што знаеме и бидеме „вистински“, што се вели. Атмосферата е одлична, иако нема да бидеме комплетни. Но, имаме квалитет и огромен мотив да славиме против Малта. Добро го анализиравме противникот и мислам дека секој знае што треба да направи за да ја оствариме целта“, изјави Енис Барди.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот, на Националниот стадион во ла Валета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
