Ако на некого му е најтешко во моментов, тоа е Енис Барди. Има проблеми со дискус хернија, но сигурно многу повеќе срцето го боли што не може да биде во Тбилиси и да им помогне на соиграчите во финалната битка.
Барди на социјалните мрежи им даде поддршка на соиграчите од националниот тим.
„До овде стигнавме затоа што заслуживме, уште еден чекор пред големиот рон на сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве поддржам, во секоја секунда од натпреварот. Поддржете се еден со друг и ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момци, сите сме со вас браќа“, напиша Енис Барди.
Тој се повреди на последниот тренинг пред заминувањето за Тбилиси и има силни болки во ’рбетот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













