Connect with us

Баерн заигра шампионски против Унион Берлин (ВИДЕО)

Баерн Минхен го декласира Унион Берлин со 3-0 и повторно е на врвот на табелата во Бундес-лигата со 46 бода, колку има и Борусија Дортмунд. Баварскиот тим ја сопре серијата на гостите од Берлин кои оваа сезона играат одлично и се вмешаа и во трката за титулата.

Чупо Мотинг во 31.минута донесе водство, а Кингсли Коман во 40.минута зголеми на 2-0. Мечот беше готов пред крајот на првиот дел кога Џамал Мусијала зголеми на 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови