Германскиот гигант Баерн Минхен започна директни преговори со претставниците на португалската ѕвезда Рафаел Леао, објави реномираниот „Кикер“. 25-годишниот офанзивец на Милан е отворен за можен трансфер, но високата откупна цена поставена од „росонерите“ би можела да биде сериозна пречка за реализација на зделката.
Милан наводно бара сума поголема од 100 милиони евра, додека Леао во договорот има и ослободителна клаузула од 175 милиони евра – нешто што е речиси недостижно дури и за клуб со буџет како Баерн Минхен.
Баварците се наоѓаат во фаза на реконструкција на офанзивниот дел, откако клубот се раздели со легендата Томас Милер, а иднината на Кингсли Коман и Лерој Сане е неизвесна.
Откако не успеаја да го донесат Флориан Вирц, челниците на клубот се насочија кон засилувања на крилните позиции, а Леао се смета за еден од приоритетите.
Според информациите, средбата помеѓу претставници на Баерн и агентите на Леао се одржала неодамна во Минхен. Иако португалскиот интернационалец не ја исклучува можноста за преселба во Бундес-лигата, Милан не изгледа подготвен да го пушти, особено по доаѓањето на Масимилијано Алегри како нов тренер и именувањето на Игли Таре за спортски директор.
Во сезоната 2024/25, Рафаел Леао постигна 12 гола и додаде девет асистенции за Милан, потврдувајќи ја својата вредност како еден од најдинамичните напаѓачи во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













