
Германскиот шампион Баерн Минхен покажал сериозен интерес за дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Според медиумите на Островот, претставници на баварскиот гигант пристигнале во Англија за да започнат преговори околу потенцијален трансфер на 24-годишниот стопер.
Гуехи има важечки договор со лондонскиот клуб до летото 2026 година, но засега одбива да го продолжи. Тоа ја отвора можноста Кристал Палас да го продаде уште ова лето, со цел да избегне да го загуби без обештетување. Покрај интересот од Баерн, англиски клубови како Њукасл и Тотенхем исто така внимателно ја следат неговата ситуација.
🚨 Bayern Munich are in talks with Marc Guehi.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 29, 2025
(Source: @pokeefe1) pic.twitter.com/Ae7kAdX52S
Во тековната сезона, Гуехи настапи на 44 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи три гола и запишувајќи две асистенции. Тој неодамна го освои и ФА Купот со Кристал Палас. Вредноста на стоперот се проценува на околу 45 милиони евра.
Баерн е решен да ја засили својата одбрана и веќе го потврди трансферот на германскиот репрезентативец Џонатан Тах од Баер Леверкузен. Постои и можност за заминување на Јужнокореецот Ким Мин-Јае, а Гуехи се гледа како потенцијален наследник во срцето на одбраната.
Интересно е што Баерн и минатата година купи играч од Кристал Палас, Мајкл Олисе, а сега на радарот на Венсан Компани и неговиот стручен штаб се наоѓа и креативецот Еберечи Езе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал
