Connect with us

Баерн има една седмица да купи нов голман

Раководството на Баерн Минхен постави рок за да се реши голманскиот проблем во тимот. Баварците го загубија капитенот Мануел Нојер до крајот на сезоната откако ја скрши ногата на скијање. На „Алијанц арена“ бараат неговата замена да биде донесена најдоцна до 6 јануари, кога тимот оди на камп во Доха.


Идејата е новиот голман да има две недели да се воигра со своите нови соиграчи во одбраната и да биде прв избор, а Свен Улрих да остане втор.

Во оваа фаза приоритет за Баерн е Јан Зомер од Борусија Менхенгладбах. Швајцарскиот

интернационалец има договор до крајот на сезоната и нема да го продолжи.

Гладбах бара околу 5 милиони евра за трансфер. Интерес за Зомер има и од Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови