Connect with us

Баерн го освои Суперкупот, деби-гол за Луис Дијаз што го посвети на Диого Жота (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја започна сезоната со трофеј. Баварците во Суперкупот на Германија го совладаа Штутгарт со 2-1 на „МХП Арена“.

Избраниците на Винсент Компани поведоа рано преку Хари Кејн, кој во 18.минута ја казни грешката на домашната одбрана. Во второто полувреме дебитански гол за Баерн постигна Луис Дијаз по одлична асистенција на Гнабри. Тој голот му го посвети на Диого Жота, славејќи го во негов стил, со сумулација на видео-игра.

Штутгарт во финишот преку Левелинг во судиското надополнување само успеа да намали на 2-1.

Со оваа победа, Баерн по две години го врати Суперкупот во своите витрини, а Кејн стигна до својот втор трофеј во дресот на најтрофејниот германски клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови