Connect with us

Баер Леверкузен обезбеди замена за Флоријан Вирц

Баер Леверкузен официјално го потврди ангажманот на 18-годишниот Ибрахим Маза од Херта Берлин, потпишувајќи долгорочен договор до летото 2030 година. Алжирскиот офанзивен играч за врска ќе им се приклучи на „фармацевтите“ од следната сезона, а трансферот е вреден околу 12 милиони евра.

Германските медиуми веќе го опишуваат Маза како потенцијален наследник на Флоријан Вирц, кој е на радарот на најголемите европски гиганти и би можел да го напушти клубот уште ова лето. Со ангажманот на Маза, Баер Леверкузен се обидува навремено да се засили со млада и креативна сила во средниот ред.

Во актуелната сезона, Маза има солиден учинок со 7 голови и 5 асистенции на 33 натпревари за Херта, што го поставува како еден од најперспективните млади играчи во Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови