
МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби против Австрија со 3-1 во првиот историски натпревар на европските првенства. На Националната арена во Букурешт, преку 4.000 Македонци ја бодреа нашата селекција, но на крајот сепак Австријците го продолжија победничкиот ефект против избраниците на Игор Ангеловски.
Македонија не беше инфериорна, но, сепак, Австрија успеа да искористи повеќе шанси на овој меч. А не дека ги немаше и Македонија.

Во 18.минута, Конрад Лајнер го отвори резултатот, откако откосо од десната страна, со актобатски скок и волеј удар по асистенцијата на Сабицер донесе предност за својата селекција.
Македонија израмни десет минути подоцна. Горан Пандев ја искорисит грешката на австриската одбрана, клинчот во кој влегоа голманот Бахман и Трајковски. Топката се одби до Пандев кој стрелаше прецизно од десетина метри.

Бобан Николов имаше одлична шанса на почетокот на вториот дел, но Бахман спаси со пад во нозе, а во 74.минута и Хинтерегер во блокираше ударот на Елиф Елмас од пеналтикот.
Во финишот, Австрија дојде до победа. Михаел Грегорич во 78.минута постигна водечки гол за противникот откако Давид Алаба неверојатно добро нафрли во петерецот зад нашата одбрана. Грегорич постави нога и погоди.
Во 90.минута и Марко Арнаутовиќ ја затресе мрежата на Столе Димитриевски. На крајот, џокерите на Франко Фода, Грегорич и Арнаутовиќ ја донесоа победата за Австрија.
Македонија за четири дена го игра вториот натпревар на Европското првенство против Украина, повторно на Националната арена во Букурешт.
АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-1 (1-1)
Национална арена во Букурешт. Гледачи. 13.000. Судија: Андреас Екберг (Шведска). Стрелци: Лајнер 18′, Грегорич 78′, Арнаутовиќ 90′ (Австрија), Пандев 28′ (Македонија). Ж. картони: Трајковски, Алиоски (Македонија).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу (87′ М. Ристовски), Адеми, Барди (82′ Барди), Алиоски, Николов (63“ Бејтулаи), Елмас, Пандев, Трајковски (63′ Костадинов).
АВСТРИЈА: Бахман, Лајнер, Драговиќ (46′ Линхарт), Хинтерегер, Улмер, Лајмер, Баумгартнер (58′ Грегорич), Шлагер, Алаба, Сабицер, Калајџиќ (59′ Арнаутовиќ).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
