Connect with us

Австралијците закажаа пресметка против Перу за пласман на мундијалот

Австралија ќе игра против Перу во финалето на плејофот за Светското првенство во Катар откако во полуфиналето ја совлада селекцијата на Обединетите Арапски Емирати со 2-1.


Џексон Ирвајн во 53.минута донесе предност за Австралија, а само четири минути подоцна израмни Кајо Канедо. Сепак, триумфот на Австралијците им го донесе Ајдин Хрустиќ во 84.минута од натпреварот.

Мечот се играше на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, а Австралијците покажаа дека се поквалитетна репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови