Напаѓачот на Аталанта, Матео Ретеги, е најновата трансферна цел на Атлетико Мадрид. Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, го гледа италијанскиот репрезентативец како идеално засилување за офанзивата на тимот, но преговорите нема да бидат лесни бидејќи Аталанта бара најмалку 60 милиони евра за најдобриот стрелец во Серија А.
Атлетико имаше интерес за Ретеги уште во 2023 година, пред тој да пристигне во Италија и да го облече дресот на Џенова.
Напаѓачот роден во Аргентина не е единствената опција за засилување на нападот – на списокот на Симеоне се наоѓа и Ник Волтемаде од Штутгарт.
Во изминатата сезона, Ретеги постигна 25 голови на 36 натпревари, освојувајќи ја титулата најдобар стрелец во Серија А. Аталанта не планира да се раздели со него, но би можела да разгледа понуда од Шпанија или Англија доколку биде доволно примамлива.
Многу поблизу до трансфер во Атлетико е Алекс Баена, играч од средниот ред на Виљареал. Мадридскиот клуб веќе неколку недели работи на договорот, а во зделката најверојатно ќе биде вклучен и Родриго Рикелме, кој би се преселил во редовите на „жолтата подморница“.
Доколку Хуан Мусо го напушти клубот, Атлетико ќе бара нова резерва за Јан Облак. Еден од кандидатите е Лео Роман од Мајорка, за кого би можеле да платат околу 6–7 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













