
Астон Вила запиша важна победа од 2-0 против Тотенхем во претпоследното, 37. коло од Премиер – лигата и направи голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите.
Натпреварот на „Вила Парк“ тргнa мирно, но на моменти и жестоко. Џон Мекгин прв се закани за домаќините, а одговорот на Тотенхем стигна преку Сон. И Марко Асенсио имаше своја шанса, но мрежите мируваа до паузата.
Сепак, второто полувреме беше целосно во знакот на Вила. Во 59. минута, по добро изведен корнер и прецизна асистенција од Воткинс, стоперот Езри Конса ја затресе мрежата за 1-0.
Притисокот продолжи – Воткинс и Мекгин не искористија добри можности, но во 73. минута, Бубакар Камара ја завери победата со прецизен удар од дистанца за конечни 2-0.
Со оваа победа, Астон Вила стигна до 66 бода и се искачи на четвртото место, најмалку привремено. За Тотенхем, поразот значи стагнација со 38 бодa на 17. позиција – многу под очекувањата за тим со таков калибар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
