Connect with us

Асистенција на Атанасов на дербито против Динамо Загреб (видео)

Јани Атанасов експресно го привлече вниманието на сплитската фудбалска јавност откако запиша асистенција во дресот на Хајдук по само две минути игра за овој тим, и тоа на дербито против Динамо Загреб.
Атанасов, кој пред само неколку дена потпиша за сплитскиот клуб, влезе во игра во 84. минута на местото на Чакташ. Само две минути подоцна тој извонредно центрираше од корнер од левата страна, по што Јуриќ го намали водството на противникот. Атанасов имаше опасен корнер во самиот финиш при 1-2, но неговите соиграчи не успеаја да постигнат и втор гол и да избегнат пораз на овој натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови