
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше очигледно задоволен по победата со минимални 0-1 над Манчестер Јунајтед во првото коло на Премиер – лигата. Според него, резултатот е особено значаен бидејќи дојде на „Олд Трафорд“ – еден од најтешките терени за гостински тимови.
„Се чувствуваше дека тимот создава нешто посебно, дека новите играчи донесоа импулс и дека започнуваме со позитивна енергија. Многу сум среќен и горд на начинот на кој играа фудбалерите“, изјави Микел Артета.
Тој го истакна и значењето на конзистентноста – квалитет што им недостасуваше на „топчиите“ во последните три сезони и што често ги лишуваше од борба за титулата.
„Победата дава инерција и самодоверба – две исклучително важни работи. Кога го знаеш твоето ниво во одредени области, што искрено не успеавме секогаш да го покажеме, сепак можеш да најдеш начин да го добиеш натпреварот. Треба да ја одржуваме оваа конзистентност низ целата сезона, во текот на 10 месеци и при различни услови“, додаде стратегот на Арсенал.
Следниот натпревар за Арсенал е првиот домашен меч против Лидс, а веднаш потоа „топчиите“ ќе се соочат со тежок распоред: во три последовни кола ќе играат против шампионот Ливерпул, силниот Нотингем Форест и доминантниот тим на Островот во последната деценија, Манчестер Сити.
Артета истакна дека тоа ќе биде вистински тест за тимот и можност за покажување на конзистентноста и класата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
