
Новопромовираниот прволигаш Арсими се засили со четворица нови фудбалери кои ќе донесат дополнително искуство и квалитет во тимот.
Во редовите на Арсими пристигна искусниот голман Дејан Силјановски, кој доаѓа од Беса. Во својата кариера бранеше и за Воска, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП и Беласица, оставајќи силен печат во секој од нив.
На клубот му се приклучи и Ринор Ајдини, кој кратко се задржа во Шкупи ова лето, но по само еден месец реши да ја смени средината, сметајќи дека не е вистинската за него. Со потпишувањето за Арсими, тимот добива значително засилување на средината од теренот. Неговиот последен клуб беше Гостивар.
Новитет е и дефанзивецот Медин Бајрами, кој доаѓа од Работнички и ќе ја зајакне последната линија на тимот.
Четвртото засилување е Дејан Перовиќ, црногорски офанзивец кој доаѓа од првенството на Малезија, а претходно настапувал за Бокељ и за ОФК Петровац.
Арсими со овие засилувања најавува борбена и амбициозна сезона во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ тргнува по потписот на Родриго
