Connect with us

Арсенал сака да го купи Кокчу

Тимот на Арсенал во летниот преоден рок има план да го ангажира капитенот на Феенорд, Оркун Кокчу. 22-годишниот фудбалер за врска игра исклучително од почетокот на сезоната и го води холандскиот гигант кон титулата во Холандија.


Арсенал сигурно ќе се врати во Лигата на шампионите во новата сезона, а Микел Артета е свесен дека ќе му треба поголема длабочина во тимот. Засилувањето на средниот ред според него е еден од приоритетите, а Кокчу би бил одлично решение бидејќи е млад и во исто време доста искусен фудбалер со докажани квалитети.

Оркун Кокчу има турски корени, но е роден во Холандија. Тој е играч што потекнува од младинската школа на Феенорд и досега целата негова кариера ја мина на „Де Куип“, со 166 настапи, 32 гола и 25 асистенции за клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови