Арсенал го разгледува бразилскиот напаѓач Жоао Педро од Брајтон како потенцијална алтернатива доколку не успее да го ангажира своето прво трансферно име во нападот – Бењамин Шешко од Лајпциг.
Според информациите од Островот, „топчиите“ и понатаму го имаат Шешко како приоритет број еден за летниот преоден рок, но паралелно работат на други опции.
Жоао Педро се смета за реална и достапна цел, а Брајтон би прифатил понуда од околу 70 милиони фунти за неговите услуги.
Бразилецот, кој настапуваше за репрезентацијата до 23 години, има 30 голови и 10 асистенции на 70 натпревари за Брајтон откако пристигна од Вотфорд во 2023 година. Сепак, Арсенал нема да биде сам во трката — интерес за Педро покажуваат и Ливерпул, Њукасл и Астон Вила.
Финишот на сезоната го мина во немилост кај тренерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, по инцидент на тренинг со соиграчот Јан Пол ван Хеке. Тренерот изјави:
„Постојат вредности што не трпат компромис. Кај мене нема исклучоци.“
Арсенал е во потрага по нов централен напаѓач, откако тимот во сезоната 2024/25 постигна 17 голови помалку од шампионот Ливерпул. Покрај Бењамин Шешко и Жоао Педро, на радарот на клубот се наоѓа и шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













