Англискиот премиерлигаш Арсенал веќе ја планира следната сезона, а Микел Артета е подготвен да жртвува тројца играчи за да заработи за засилувања.
Како што пренесуваат бројни извори, на излезната врата на Арсенал се Томаш Парти, Фабио Виеира и Габриел Жесус.
Арсенал не потроши малку пари за споменатите играчи, Виеира и Жесус пристигнаа во летото 2022 година за 35 милиони, односно за 52 милиони евра, додека Парти во 2020 година пристигна за 50 милиони евра.
Иако Парти на крајот од сезоната се врати меѓу стартерите, Микел Артета смета дека му треба поквалитетен последен играч од средниот ред заедно со Рајс и со Одегард, а негова цел е Мартин Зубименди чија откупна клаузула во Реал Сосиедад е 60 милиони евра.
Виеира не играше оваа сезона, главно влегубаше од клупата и не е неочекувано Арсенал да сака да заработи од него.
Габриел Жесус зад себе има променлива сезона, иако призна дека веќе подолго време игра со постојани болки во коленото. Артета сака нов голгетер, а најголема желба му е – Александар Исак, иако се споменуваат и Виктор Ѓокереш и Бенјамин Шешко.
Арсенал е подготвен да ги продаде споменатите играчи и се надева дека ќе ги врати вложените речиси 140 милиони евра, за да ги вложи во нови засилувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













