Connect with us

Арсенал потврди, Лаказет заминува од „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал комплетно ќе мора да го реновира нападот, откако од клубот си заминува и Александре Лаказет. Претходно, и Пјер – Емерик Обамејанг се пресели во Барселона.
Договорот на францускиот интернационалец истече на крајот од сезоната, а лондонскиот клуб денеска и официјално потврди дека Лаказет заминува од „Емирати“.


„Лаказет ќе го напушти клубот на 30 јуни годинава. Откако дојде од Лион во јули 2017 година, тој одигра 206 средби, притоа постигнувајќи 71 гол. Лаказет беше освојувач на ФА Купот во 2020, дел од тимот што го освои Комјунити Шилд мечот во 2017 и беше избран за најдобар фудбалер на Арсенал во сезоната 2018/19. Му посакуваме многу среќа во натамошниот дел од кариерата“, објавија Арсенал.


Според француските медиуми, тој е на чекор до враќање во Лион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови